Центарот за управување со кризи утрово (23.07) информираше дека според состојбата со пожарите до 07:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои: 5 се активни, 3 се под контрола и 29 се изгаснати.
Активни пожари има во:
1. Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
3. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
4. Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума);
5. Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).
Ставени под контрола се пожарите кај:
1. Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);
3. Општина Демир Капија – во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија (ниска вегетација).
skopjeinfo.mk




