ЗАБРАНА ЗА ТТВ
: Од 05:45 часот, поради врнежи од снег, e воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
amsm.mk




