Анита Тополова-Исајловска едногласно избрана за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител

Според информациите, таа била единствениот предлог на седницата, а на оваа висока функција доаѓа од позицијата заменик јавен обвинител, каде што има повеќегодишно искуство.

Со овој избор, Советот ја пополни раководната позиција во обвинителството по оставката на Љупчо Коцевски.

Инаку, изборот на в.д. државен јавен обвинител требаше да биде направен во четвртокот, но во последен момент седницата на Советот на јавни обвинители беше одложена и презакажана за денеска.

 

 

 

skopjeinfo.mk