Во периодот од 13 јули до 20 јули о Македонија без најава за изразен топлотен бран кој би ни донесол екстремно високи температури на воздухот. Многу топлото, до екстремно топлоте време се задржува во западна и во југозападна Европа со многу високи до екстремно високи температури на воздухот.
До среда (15 јули) без најава за некоја нестабилност и за врнежи во Македонија, што значи продолжува она пријатно топло лето со сонце и стабилно време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 35 степени. Во понеделник и во вторник (13/14 јули) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, кој повремено и локално во Македонија ќе надминува брзина од 50 км/час.
Барем според моменталните следења и наблудувања, веќе од четврток (16 јули) влегуваме во период на нестабилно време предизвикано од висински (плиток) циклонски систем кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европа.
Во ваква ситуација растат условите за развој на конвективни облачни грмотевични јадра и за врнежи, грмежи , како и за појава на локално невреме во Македонија. Температурите во погоре споменатиот период ќе бидат во постепено намалување, односно по краткотрајното зголемување на интензитетот на топлината, веќе од четврток (16 јули) ни следува период со пониски дневни температури на воздухот.
НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за неделна метео анализа, односно за седум дневна метео анализа, одстапување во прогнозата е можно, односно измени во оваа анализа, за која доколку истата се случи навремено од моја страна ќе бидете информирани. Се зависи од атмосфераските процеси, движењето на воздушните маси и системи во Европа.
-пишува во деталната временска анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.




