На 28.02.2026 година во 10:45 часот, пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно подигна неексплодирана минофрлачка граната со калибар од 75mm, пронајдена во атарот на село Добромири, Општина Новаци.
Гранатата потекнува од периодот на Првата светска војна. Дојавата до ДЗС Битола беше доставена од Полициската станица Новаци. Веднаш беа преземени сите неопходни безбедносни мерки за заштита на населението.
Експлозивната направа е безбедно подигната, транспортирана и соодветно складирана до нејзиното конечно уништување на Армискиот полигон Криволак.


