Жестоки борби избувнаа синоќа на најмалку пет локации, при што повеќе војници беа убиени, во разгорување на насилството меѓу пакистанските и авганистанските сили во близина на напнатата граница на двете земји.
Пакистански безбедносни извори во близина на граничниот регион рано на 12 октомври потврдија за Радио Машал на РСЕ/РЛ дека тројца пакистански војници и еден цивил се убиени, а пет војници се повредени во борбите и последователниот одговор од страна на пакистанската војска.
Според безбедносни извори, некои цивили од пакистанската страна на границата го напуштаат регионот кон побезбедни локации.
Пакистански извори изјавија дека неколку гранични пунктови на Талибанците биле уништени во Авганистан за време на нивните одмазднички акции. Жртвите на авганистанската страна не беа веднаш познати.
„Во брз и интензивен одговор, пакистанските сили ефикасно таргетираа неколку авганистански гранични пунктови“, потврдија безбедносните претставници за Dawn News.
Безбедносни извори ѝ кажаа на Dawn дека Пакистан користи артилерија, тенкови и лесно и тешко оружје во своите акции.
slobodnaevropa.mk




