Зголемените придонеси не го покриваат дефицитот во ПИОМ

Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем. И покрај зголемените приходи, во 2024 година тие не го покриваат растот на расходите за пензии, поради што продолжуваат трансферите од државниот буџет, кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на ПИОМ.

Државниот завод за ревизија спроведе ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) за 2024 година. Ревизорите изразија неповолно мислење за финансиската состојба и законитоста на работењето.

Раст на придонеси, но и на пензиските расходи
Приходите од придонеси за ПИОМ во 2024 година се зголемени за 14% во однос на 2023 година и достигнуваат 71,4 милијарди денари. Тие учествуваат со 61,74% во вкупните приходи.

Сепак, расходите за пензии растат со побрзо темпо и изнесуваат над 90,2 милијарди денари, што создава значителна буџетска дупка.

Иако долгорочно имало тренд на намалување на зависноста од буџетот по 2019 година, во 2024 година повторно се бележи раст на трансферите од 4,14% во однос на претходната година.

 

 

DW