Мало мајмунче по име Панч, кое било напуштено од неговата мајка при раѓање, стана интернет сензација откако пронашло утеха во плишана играчка. Трогателната приказна од зоолошката градина Ичикава во Јапонија привлече толку големо внимание што и самата ИКЕА реагираше, а нејзиниот плишан орангутан стана неразделен придружник на малиот макак.
ИКЕА донира повеќе плишани играчки
Откако приказната стана вирална, Петра Фаре, претседателка и главен директор за одржливост на ИКЕА Јапонија, ја посети зоолошката градина Ичикава на 17 февруари. По тој повод, таа донираше голем број заменски и нови плишани играчки за да се осигури дека Панч секогаш има извор на утеха.
Градоначалникот на Ичикава, Ко Танака, ја сподели веста на социјалните мрежи X. „Малото мајмунче Панч, кое се бореше само и вредно да порасне, стана толку сакано што многумина сега го бодрат кога ќе го видат со неговата плишана играчка, која ја смета за своја мајка. Денес, претседателот на компанијата што ги произведува овие играчки нè посети и донесе огромен број од нив“, напиша градоначалникот.
index.hr




