Извонредно талентиран и паметен! Ми беше задоволство денес да се сретнам со ученикот Македон Димитровски, познат во јавноста како исклучително надарено дете со интерес за математика и јазици. Неговото учество на панелот „Магијата е во знаењето“ внесе дополнителна инспирација во дискусијата, како пример дека љубопитноста и љубовта кон знаењето се развиваат од најрана возраст, но и како поттик да направиме уште повеќе за талентираните деца во Македонија – да бидат поддржани и охрабрени тука да го реализираат својот потенцијал.
Министерката Јаневска оствари средба со математичкиот гениј Македон



