Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото.
Заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ги посетивме црквите „Св. Никола“ во Тотова, Њу Џерси и „Св. Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, Њу Џерси.
Присуството меѓу нашите иселеници на овој голем празник е силна порака за поврзаноста со дијаспората и поддршка за нејзините напори за зачувување на верата, традицијата и македонскиот идентитет.
Христос воскресе! Честит Велигден!



