Отсуството на Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи од јавноста за време на израелско – иранската војна може да се покаже како одлучувачки момент за неговото лидерство и иднината на Исламската Република.
Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше постојано присутен, давајќи дневни изјави и демонстрирајќи решителност – Хамнеи, врховниот командант на Иран, беше во голема мера невидлив, објавувајќи само две видео пораки за време на конфликтот, од кои едната речиси сигурно беше снимена во бункер.
Кога се појави трета видео порака по прекинот на огнот, дебатата за влијанието на неговото однесување за време на војната се загреа меѓу експертите и иранската јавност.
Криење за преживување
Исчезнувањето на Хамнеи не е само прашање на стил на лидерство – тоа е директно поттикнато од веродостојни извештаи дека тој бил на врвот на листата на жртви на Израел.
slobodnaevropa.mk




