Почина актерката Весна Стојановска Николовска

Денес, на популарната Фејсбук страница „Бардовите на македонското глумиште“ осамна вест за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот народен театар.

На јавноста таа ѝ беше најпозната по улогите во Македонски народни приказни, Тврдокорни, Солунски патрдии и Последната македонска елегија.