Денеска остварив работна средба со Советот на Странски инвеститори во Стопанската Комора на која се разгледуваа актуелни економски теми.
Имавме плодна и успешна дебата. За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада. Полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици.
Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен, толку станува државата посилна, затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати.



