Претреси на две локации во Скопје, од страна на АНБ

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека денеска, 19 јули 2025 година, биле извршени претреси на две локации во Скопје, при што биле одземени огнено оружје и мобилни уреди.

„Во врска со претходно обезбедени податоци на Агенцијата, а во координација со Министерството за внатрешни работи, по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, беше извршен претрес по основ на член 396 од Кривичниот законик – недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, соопшти АНБ.

Пронајдените предмети ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа.

Лицата кај кои е извршен претресот се веќе познати на АНБ и на органите на прогонот поради нивна претходна противуставна активност. Едниот од нив, според информациите, има и одлежана затворска казна за учество во насилните протести поврзани со случајот „Монструм“.

Случајот е во тек и надлежните институции продолжуваат со понатамошна обработка и постапка.

 

 

4news.mk