Претседателката Сиљановска имала протоколарен разговор во Хаг со бугарскиот премиер Жељазков

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која учетвува на самитот на НАТО во Хаг, синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.

„Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно.

Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство“, посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг.

 

 

slobodnaevropa.mk