Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“, соопшти Кривичниот суд.
„Согласно решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална хигиена“, мерката притвор е определена заради постење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3 односно опасност да ја попречи истрагата или да влијае врз сведоци и можност да го повтори делото“, соопштија од судот.
slobodnaevropa.mk




