Додека презема чекори за проширување на контролата врз онлајн комуникациите, руската влада претстави нов пакет мерки за дигитална безбедност што значително ќе ги ограничи дојдовните телефонски повици надвор од земјата.
Вицепремиерот Дмитриј Григоренко на 9 декември изјави дека владата подготвила нов пакет иницијативи што вклучува забрана за меѓународни дојдовни повици без согласност на примателот.
Според Григоренко, пакетот содржи 20-тина иницијативи насочени кон „заштита на граѓаните од телефонски и интернет измами“. Меѓу предложените мерки се задолжително означување на сите меѓународни повици, воведување специјални „детски СИМ картички“ и построги ограничувања за масовно издавање СИМ картички.
Официјални лица тврдат дека ваквите чекори се потребни за да се намалат измамите од голем обем, особено оние што вклучуваат повлекување украдени средства преку мрежи од анонимно регистрирани СИМ картички.
Но, критичари велат дека новите предлози, заедно со низа други неодамна воведени ограничувања за ограничување или забрана на комуникациите – вклучително и забрана на многу социјални мрежи – имаат за цел да го прекинат пристапот до независни извори на информации, во пресрет на четвртата годишнина од руската инвазија на Украина.
Меѓународните апликации, вклучувајќи ги Вацап, Фејсбук, Инстаграм, Икс, Сигнал, Вибер, Снапчет и платформата за игри Роблокс се блокирани или ограничени. Претходно овој месец, видео услугата Фејстајм на Епл беше додадена на листата кога владата ја блокираше.
slobodnaevropa.mk




