Руските музичари не беа добредојдени на сцената на натпреварот за песна на Евровизија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, но Русија се осигурува дека тие имаат место каде што ќе го покажат својот талент во програма проткаена со носталгија по Студената војна.
Русија го оживува „Интервижн“, натпревар за песни од советската ера, некогаш наменет да и се спротистави на Евровизија.
Организаторите велат дека најмалку 22 земји ќе учествуваат на натпреварот, за кој велат дека ќе биде прослава на културата. Критичарите, сепак, го гледаат како обид за воскреснување на геополитичка алатка дизајнирана да ги забавува оние кои копнеат по враќање на влијанието на Русија од Студената војна.
Интервижн за прв пат се одржа во Чехословачка од 1965 до 1968 година како културно лице на Меѓународната радиотелевизиска организација (OIRT) – источноевропска мрежа на радио и телевизиски емитувачи.
slobodnaevropa.mk




