Денеска во 12:05 часот (14.03), од пред Работничкиот дом во Скопје ќе започне големиот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикатите ги повикаа своите членови, работниците и сите граѓани да се приклучат на протестот, со порака дека платите – особено минималната плата – мора да се зголемат.
Од ССМ потсетуваат дека, според податоците на УЈП, 160.000 работници живеат со примања под прагот на сиромаштијата, што ја нагласува нужната потреба од зголемување на платите.
Во пресрет на протестот се засилија критиките дека „поединци во синдикатите се влезени во политички мочуришта“.
Мицкоски: Минималната плата ќе порасне над 26.000 денари
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека минималната плата, согласно законската методологија, ќе се зголеми за нешто повеќе од 1.600 денари и ќе надмине 26.000 денари.
DW




