Тивок собир ноќва во 2:15 во Кочани, во спомен на жртвите од трагедијата

Граѓани вечерва ќе се соберат пред поранешната дискотека Пулс во Кочани, со цел да им оддадат почит на жртвите од трагедијата што го потресе градот.

Собирот е закажан за 02:15 часот, кога присутните ќе се соберат во тивко сеќавање и почит кон 63-те прерано згаснати животи.

Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе биде оддадена почит со едноминутно молчење.

Организаторите повикуваат граѓаните заедно да застанат во тишина и со светлина од свеќи да покажат дека жртвите нема да бидат заборавени, испраќајќи порака на сеќавање, почит и љубов.