Денеска на полигонот Пепелиште се одржа промоција на овие специјални возила и презентација на нивната противпожарна моќ и како ќе бидат користени за гаснење на пожарите.
Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодини оклопни транспортери БТР 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспорти Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 и 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се во фаза на опремување со моќни водни пумпи со дометна водениот млад од 25 до 100 метри.
Возилата се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување,а се преземени од министерствата за внатрешни работи и одбрана, а огромна поддршка во нивно опремување имаше и од градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.
Пренамената на овие возила дава можност тие повторно да ја исполнуваат својата цел за што се наменети, да бидат искористени во одбрана на Македонија, во овој случај од пламените јазици на пожарите.


