Трамп: Европа мора да престане со купување на руска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на Генералното собрание на Обединетите Нации(ОН) во Њујорк во вторникот ги повика европските сојузници веднаш да престанат да купуваат нафта од Русија и ги обвини Кина и Индија дека ја финансираат војната на Москва против Украина преку купувањето руска нафта.

Зборувајќи пред светските лидери на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации на 23 септември, Трамп, кој подоцна во текот на денот ќе се сретне со украинскиот претседателВолодимир Зеленски, рече дека би можел да воведе санкции врз Русија за да ги запре борбите, но без слични акции од Европа, „сите губат многу време“.

„Во случај Русија да не е подготвена да склучи договор за прекин на војната, тогаш Соединетите Држави се целосно подготвени да воведат многу силна рунда моќни царини што би го запреле крвопролевањето, верувам, многу брзо“, изјави тој пред Собранието во Њујорк.

„Но, за да бидат ефективни тие царини, европските нации… ќе мора да ни се придружат во усвојувањето на истите мерки… Европа мора да го забрза тоа“, доаде тој.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk