Трамп рече дека главната пречка е „праведноста“, наведувајќи ги бариерите за американскиот извоз на автомобили и земјоделски производи, објави Скај њуз.
Тој влезе во разговорите барајќи пофер трговија со 27-члената ЕУ и заканувајќи се со високи царини за да го постигне тоа, инсистирајќи дека САД нема да паднат под 15 проценти увозни даноци.
Со месеци, Трамп се заканува со големи царини за поголемиот дел од светот за да ги намали огромните трговски дефицити на САД со многу клучни трговски партнери, вклучително и ЕУ.
Во случај да не се постигне договор и САД да воведат царини од 30 проценти почнувајќи од 1 август, ЕУ подготви контрамерки за американска стока во вредност од 93 милијарди евра.
Пред нивниот состанок на 27 јули, Урсула фон дер Лајен го опиша Трамп како „тежок преговарач и склучувач на договори“.
Таа, исто така, повика на „ребалансирање“ на билатералната трговија вредна милијарди долари меѓу двата клучни партнери.
slobodnaevropa.mk




