Трамп: „Ја сакам инфлацијата“

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика критики со својата реакција на новите податоци за растот на потрошувачките цени: „Бројките беа одлични (…) Ја сакам инфлацијата“, изјави Трамп во средата (10.06) пред новинарите. Тој уште еднаш посочи дека инфлацијата ќе „падне како камен“ штом ќе заврши војната со Иран.

Претходно, Министерството за труд во Вашингтон соопшти дека инфлацијата во САД во мај пораснала за 4,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, достигнувајќи највисоко ниво во последните три години. Силниот раст на цените главно се должи на горивата. Трошоците за енергија биле за 23,5 проценти повисоки отколку пред една година. Порастот на цените на бензинот е особено остар – цената на горивото е зголемена за околу 40 проценти.

Лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер, оцени дека овие изјави ја покажуваат незаинтересираноста на претседателот за финансиските тешкотии на граѓаните: „Трамп навистина рече: ‘Ја сакам инфлацијата.’ Пред камерите. Така што цела Америка можеше да го слушне тоа. Неговиот презир кон вас нема граници“, напиша Шумер на онлајн платформата Х. Неговата партија објави и пост со коментарите на Трамп на својот профил на Х.

 

 

DW