УПОЗ се согласи на 8 проценти раст на плата

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани одлучија да ја прифатат понудата на Владата со која за речиси 8 илјади вработени во државнта управа ќе се зголемат платите за 8 проценти во наредниве три години. Дополнителни вработените ќе добијат и линеарно усогласување со растот на минималната плата.

„Од досега пристигнати изјаснувања, 95% од синдикалните организации се изјаснија дека барањата на Синдикатот на УПОЗ кое е прифатено од страната на Владата за зголемување на платите е поповолно и прифатливо“, се вели во соопштението на УПОЗ.

Административните службеници повисоки плати ќе добијат од март со платата која ќе им биде исплатена во април.

„Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, изјави по средбата со Владата, лидерот на синдалците на УПОЗ Трпе Деаноски.

 

 

 

slobodnaevropa.mk