Фондот за здравствено осигурување ги зголемува платите и започнува конкурс за нови директори

Денеска, Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе низа одлуки насочени кон подобрување на работата и ефикасноста на институцијата.

Една од клучните мерки е зголемување на платите на вработените, со што се вреднува нивниот труд и придонес во функционирањето на Фондот.

Исто така, започнува конкурс за именување на Директор и Заменик директор на Фондот. Постапката ќе ја води петчлена комисија составена од членови на Управниот одбор: Ирена Петковска, Дритан Даути, Маја Чемерекиќ Велковска, Димитар Димитриевски и Трпе Деаноски.

Министерот за здравство ќе даде предлог за именување, додека конечната одлука ќе ја донесе Владата. Овие активности се дел од напорите за унапредување на институцијата и подобрување на услугите кон граѓаните.