Присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што со длабоко смирение и молитвена радост го прославивме патрониот ден, оддавајќи почит на нашиот најголем просветител и духовен патеводител, Свети Климент Охридски.
Се потсетивме на неговата клучна улога како учител, пастир и столб на нашата црква. Светиклиментовото дело е темел врз којшто се граделе, се градат и ќе се градат духовните вредности, културниот идентитет и вековната традиција на вера и просветление.
Исполнети сме со чувство на благодарност за светото наследство и остануваме посветени на негување на љубовта, мудроста и човекољубието што тој ни ги остави како благослов и обврска за идните поколенија.


