Инвеститорите, поради непредвидливоста на политиката на претседателот на САД, Доналд Трамп, се поттикнати да бегаат кон злато и сребро.
Со растечката побарувачка, цената на златото во неделата за првпат ја достигна границата од 5000 долари. Една унца злато се тргуваше по 5026 долари (4237 евра), додека цената на една унца сребро уште во петокот се искачи над 102 долари.
Во јануари 2024 година, цената на една унца злато изнесуваше нешто над 2000 долари. Оттогаш, цената постојано расте поради политички кризи, особено поради непредвидливата политика на американскиот претседател. Инвеститорите се „воздржани“ да го „напуштат“ благородниот метал „доколку Доналд Трамп се разбуди со нова контроверзна идеја“, објаснува аналитичарот Ден Коутсворт од АЈ Бел.
Покрај тоа, според аналитичарот Стивен Инес, присутна е и несигурноста околу независноста на Американската централна банка, Федералните резерви. Американското правосудство покрена истрага против шефот на ФЕД, Џером Пауел. Иако официјално станува збор за зголемени трошоци при обновата на седиштето на ФЕД во Вашингтон, самиот Пауел смета дека вистинската причина е тоа што тој не попушта пред барањата на Трамп за поизразени намалувања на каматните стапки. Воопшто земено, инвеститорите се заштитуваат со злато и сребро и од инфлацијата и од државниот долг.
DW




