Оставила писмо доцна во ноќта дека си заминува од дома и од тогаш и се губи секаква трага.
-Мислам дека имаше поддршка од татко му, се обидовме со таткото, биле и полиција кај него, тој тврди дека не знае ни синот каде му е, синот негов не е пријавен… На девојчето и беше забрането со дечково да се види, дечково порака кај сопругава оставил дека „милом-силом“ ние ќе ја земеме, вели Самет Муслиовски, татко на Барије Муслиовска.

-Во моментов уништено, чедово ми го нема, не знам ни дали е живо ни дали е мртво, немаме никаква информација, ниту се јавила, ниту пишала, првиот ден кога избегала и пишала на мајка и порака дека е добро и од тогаш веќе ја нема, тоа беше последно, на 8.8 порака и толку… Не знам дали е жива или мртва и тоа сум на „штрек“ чекам и тоа и тоа да дознаам сега, вели таткото.

Таткото вели дека очекува поинтензивна потрага за нејзината ќерка бидејќи со денови нема никаква информација. Од МВР за Канал 5 велат дека полицијата веќе ги презема сите мерки за нејзиното пронаоѓање.




