16 годишно девојче исчезна во Македонија – семејството е избезумено и моли за помош, оставила писмо доцна во ноќта дека си заминува од дома

Оставила писмо доцна во ноќта дека си заминува од дома и од тогаш и се губи секаква трага.

-Мислам дека имаше поддршка од татко му, се обидовме со таткото, биле и полиција кај него, тој тврди дека не знае ни синот каде му е, синот негов не е пријавен… На девојчето и беше забрането со дечково да се види, дечково порака кај сопругава оставил дека „милом-силом“ ние ќе ја земеме, вели Самет Муслиовски, татко на Барије Муслиовска.

Муслиовски вели дека избезумено секојдвено бдее над телефонот да добие некоја информација повеќе од полицијата која веќе трага по малолетничката, која тврди никогаш претходно не избегала од дома. вели не знае ни дали е жива. Аелира до граѓаните ако ја препознаат веднаш да ги контактираат надлежните..

-Во моментов уништено, чедово ми го нема, не знам ни дали е живо ни дали е мртво, немаме никаква информација, ниту се јавила, ниту пишала, првиот ден кога избегала и пишала на мајка и порака дека е добро и од тогаш веќе ја нема, тоа беше последно, на 8.8 порака и толку… Не знам дали е жива или мртва и тоа сум на „штрек“ чекам и тоа и тоа да дознаам сега, вели таткото.

Таткото вели дека очекува поинтензивна потрага за нејзината ќерка бидејќи со денови нема никаква информација. Од МВР за Канал 5 велат дека полицијата веќе ги презема сите мерки за нејзиното пронаоѓање.