Циклон ни носи снег и снежна покривка во западните предели од Македонија

Под влијание на почеток на циклонска активност западно и северозападно од нас односно некаде над Италија, денес (Петок 2 Јануари 2026 година) во западните предели од Македонија ќе има врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во пониските места (градовите) и само од снег на повисоките населени места  и на планините каде ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри а локално ќе се формира снежна покривка со висина  и од над 15 сантиметри. Во дел од градовите во западните предели ќе има  и врнежи од влажен снег  и токму овдека ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри.

Ќе започне да дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје  и околината исто така ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а на околните планини ќе има услови за слаби врнежи од снег. Појава на слаб снег краткотрајно може да има  и во повисоките предели од котлината.  И во Скопје  и околината ќе започне да дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 3/4 степени, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk