Градоначалникот Пецаков ја запозна амбасадорката Филипиду со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Беше разговарано за актуелниот проект за отворање на Регионалната депонија која ќе го опфати Охридскиот и Пелагонискиот регион.
Градоначалникот и амбасадорката изразија надеж за продлабочување на прекуграничната соработка со Грција во повеќе области, особено во делот на туризмот, заштита на животната средина и културата.




