Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ – Ресен во склоп на МТТФ зеде учество на големиот меѓународен натпревар „ITF Grand Prix“ во Босна и Херцеговина

На 30.05.2026 година Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ – Ресен во склоп на МТТФ зеде учество на големиот меѓународен натпревар „ITF Grand Prix“ во Босна и Херцеговина, на кој настапија над 350 натпреварувачи од 10 земји од различни делови на Европа.

Клубот настапи со 5 натпреварувачи и освои вкупно 4 медали: 🥇 Медина Мусиќ – 1 место во форми (борба со замислен противник), категорија јуниори 14–15 години, жолт појас. 🥈 Марија Тунтеска – 2 место во спаринг, категорија девојчиња 11–13 години до 55 кг. 🥉 Владимир Димитриевиќ – 3 место во спаринг, категорија сениори 18–34 години до 78 кг. 🥉 Димитар Андоновски – 3 место во форми (борба со замислен противник), категорија момчиња 13–14 години, жолт појас.

Михаил Гошевски, и покрај големата борбеност и карактер што ги покажа во своите настапи, овој пат не успеа да се закити со медал. Следен предизвик за Таеквон-до клуб „Ге-Бек“ – Ресен е меѓународниот турнир „Охрид Опен“, кој ќе се одржи на 20 јуни во Охрид и со кој клубот ќе го заокружи првиот дел од натпреварувачката сезона.

Им честитаме на сите натпреварувачи за постигнатите резултати и достојното претставување на клубот, градот Ресен и Македонија!