Јужнокорејската армија испука денеска предупредувачки истрели кон севернокорејски брод, оценувајќи дека ја прекршил поморската граница за која двете земји се спорат.
Севернокорејски товарен брод ја преминал северната гранична линија (NLL) во близина на островот Баенгјеонг во 3:42 часот по локално време, а потоа се вратил на север по предупредувачките истрели од јужнокорејската војска, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.
Севернокорејската армија соопшти дека јужнокорејски воен брод ја нарушил границата неколку минути подоцна, а војската на Пјонгјанг реагирала со истрелување десет артилериски гранати како предупредување.
„Уште еднаш упативме силно предупредување до непријателите кои стојат зад овие провокации на море кои доаѓаат по артилериски истрели и објавување на прекугранични пораки преку разглас”, изјави портпаролот на Генералштабот на севернокорејската армија.
libertas.mk