Фудбалски меч во Мавританија прекинат поради наезда на инсекти

Прволигашки фудбалски натпревар во Мавританија помеѓу Ел Џемарик и АДК Модерне Каеди беше прекинат поради големите роеви инсекти на стадионот во главниот град Нуакшот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Мавританија се наведува дека натпреварот игран синоќа морало да биде прекинат поради големите роеви инсекти на стадионот.

Се додава дека натпреварот е прекинат во 25. минута при резултат 0:0, првенствено поради безбедноста на играчите, официјалните претставници и гледачите.

Натпреварот продолжи утринава, а екипата на Ел Џемарик победи со резултат 4:0.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).