Најпопуларниот јутјубер во светот, MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, во неодамнешно гостување на TMG откри дека планира да се кандидира за претседател на САД.
MrBeast не прецизираше кога точно ќе се кандидира, но објасни како ќе изгледа неговата кандидатура. Тој најави дека ќе „среди“ дел од проблемите на САД, но во таа улога се гледа за дваесетина години од сега.
„Сакам да соберам еден куп пари и потоа да им ги дадам на луѓето непосредно пред да се кандидирам за претседател. Замислете, имате 10 милијарди долари и ги дадете на луѓе. Тогаш можам да кажам имав сè и тоа им го дадов на луѓето. Тоа е прилично моќна работа“, објасни MrBeast.
И потоа, наместо да им давам на лобистите и да наметнувам агенди, ќе правам сè што ќе биде од корист за американскиот народ. Ова ми звучи како добра идеја. Да бидам искрен, би можел да се кандидирам за претседател“, изјави тој.
Презентираше интересна идеја за тоа како би можела да изгледа неговата кандидатура за неколку години.
kajgana.mk