Од античкиот театар во Охрид отстранета е спомен плочата која во 2019 година беше поставена во Охрид во спомен и чест на македонскиот Шекспир, драматургот и писател Горан Стефановски на првата годишнина од неговата смрт.
Спомен плочата ја постави Лајонс клубот Лихнидос од Охрид во соработка со општината Охрид.
Информација за отстранувањето на плочата сподели универзитетскиот професор Зоран Тунтев кој е и познат активист на Лајонс клубот Лихнидос на својот ФБ профил, додека официјалните институции до овој момент молчат за ова. До сега никој од НУ „Завод и музеј“ на Град Охрид , институција која е под директни ингеренции на Министерството за култура, нема дадено никаква информација во јавноста околу ова.