Лишена од слобода жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон, следува кривична пријава

На 17.07.2026 во 16:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода М.П.(45) од Богданци, поради сомнение дека истиот ден околу 10:00 часот од просторија во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија одзела мобилен телефон, сопственост на вработена во болницата.
Во службен разговор таа го признала делото и од неа бил одземен мобилниот телефон, кој ќе биде вратен на сопственичката. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, против М.П. ќе биде поднесена кривична пријава.