Се е поизвесно дека од 22 јули во Македонија ни доаѓа силен продор на свеж воздух од север кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тоа за околу 10 степени па и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ќе ги имаме викендов.
Исто така околу 24 јули видливи се и обилни врнежи од дожд во Македонија и есенско време, иако сме во срцето на летото. Тогаш во Македонија би можело да наврне големо количество на дожд.
Состојбата околу ова метео сценарио кое е се поизвесно континуирано ја следам, па така во следните мои метео објави повторно ќе бидете информирани со најновото ажурирање на метеоролошките модели токму околу оваа голема промена на времето која ни следува од 22 јули па во деновите потоа, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.




