Позасилена топлина во Македонија предизвикана од продор на топол воздух од југ, односно од Африка ќе имаме и денес недела 19 јули во Македонија. Токму поради ова целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза.
Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала локална облачност. Сепак, во попладневните часови, особено во централните и во источните предели од Македонија ќе има услови за поретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а во западните предели повремено ќе засилува ветер од западен правец, особено во попладневните часови. И во Скопје и околината денес недела 19 јули времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има и појава на мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има помали услови за ретка појава на краткотранен дожд и појава на грмежи во делови од регионот и од котлината.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, а во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 38 степени,најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
slavcometeo.mk




