Стоилковски: РЕК Битола во вештачка кома, наместо да произведува и продава струја, 20 милиони евра се дадени за увоз

Грејната сезона е во ек, а РЕК Битола работи само со еден блок. Васко Ковачевски излажа дека од 15 ноември ќе работат трите блока. Поточно ветувањето беше дека од 15 ноември третиот ќе биде пуштен, а потоа за 20 дена ќе се заврши ремонтот на вториот блок.

Утре е први декември, РЕК Битола работи само со еден блок! Ниту 15ти ниту до сега нема абер за работа во полн капацитет на РЕК Битола, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Почитувани, неработењето, односно лагите, државата само во ноември ја чинат 20 милиони евра!

Да работеа трите блока, или барем два од трите, немаше да се увезе струја во вредност од 20 милиона евра само во ноември од страна на ЕСМ, струја која потоа ја препродаваат на ЕВН за покривање на потребите на регулираниот пазар.

Дневниот увоз на струја е од 3 до 5 гигават часови, односно колку што би можело да покрие со работа на само еден блок на РЕК Битола. Едноставно, ако РЕК Битола работи со два блока увозот можеби и не би бил потребен. Со три блока, ќе може да продава струја и за стопанството.

Е па почитувани, дали РЕК Битола се држи во вештачка кома за да мора да се направи увоз од 20 милиони државни евра, за некој да направи увоз и да заработи од маржата за купопродажба?

Колку, кои и чии се фирмите преку кои што е набавена струја од странство?

Дали производството на струја намерно се држи на ниско ниво за да може да профитираат трговците со струја?

Зошто наместо евтина домашна, да има увезена скапа струја?

Зошто да се купува, кога може евтино да се произведува и да се продава?

Почитувани се ќе беше поинаку, ако навреме се обезбедеше јаглен, ако навреме се направеше ископ или се снабдеше со јаглен, и ако навреме се преземеа сите неопходни технички припреми на термоелектраната.

Дали ЕСМ и владата намерно работат под просек во РЕК Битолаза да може некој да профитира од увоз на скапа струја?

Секој изминат ден со СДС на власт, Македонија се подлабоко потонувана во криминал, корупција и сиромаштија. Затоа што поскоро се потребни избори.

извор: ВМРО ДПМНЕ