Знаејќи дека нема положено возачки испит, го завел и фотографирал во системот на МВР за издавањ возачка

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен како референт за управно надзорни работи во МВР – Оддел за граѓански работи, на 23.05.2022, и покрај тоа што знаел дека лицето Ф.С. од Скопје немал положено возачки испит за управување на моторни возила, го примил.

Тој извршил негово фотографирање за прва возачка дозвола, ги внел неговите податоци во системот, а веднаш потоа ги избришал.

 

МВР