Поранешен вработен во МВР ја фалсификувал службената исправа

0
178

Кривична пријава против Р.А. од Тетово поднесе Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и „фалсификување на службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик.

Пријавениот, поранешен вработен во Одделот за управни работи при МВР – Отсек за управни работи Тетово, на 01.10.2021, 04.10.2021 и 20.12.2021, со намера да се стекне со противправна имотна корист, ја искористил својата шифра за влез во системот, внел податоци во обрасците, изготвил сообраќајна дозвола и извршил промена на регистарските таблички на патничко моторно возило „цитроен”, без притоа да ја обезбеди потребната документација, што е спротивно на законските одредби. Воедно, при вршењето на проверките, било утврдено дека досиејата од првата и втората регистрација на возилото не се пронајдени, односно дека пријавениот ги изгубил.

mkd.mk