Таркан, турскиот заводник кој сеуште е атракивен, денес има 50 години

Жените го обожаваа турскиот заводник кој и денес е многу популарен на овие простори.

Познатиот турски пејач Таркан, на Балканот се прослави со неговиот хит „Kiss Kiss“  кој денес има над 80 милиони прегледи на платформата YouTube.

Кога се појави синоокото момче ги собра сите симпатии кај жените а на мажите им беше идол.

Таркан важи за еден од најдобрите и најпознатите турски пејачи во 90-тите кој стекна голема слава, а некои од неговите најголеми хитови се уште се актуелни кај нас.

Невозможно е да не се потсетиме на неговиот хит „Kiss Kiss“ кој денес има над 80 милиони прегледи на платформата YouTube.

Тој е еден од ретките кој успеал да стигне до сите светски топ листи без да пее на англиски јазик.

Таркан денес има 50 години а во текот на својата кариера издаде неколку мегапопуларни албуми и продаде 19 милиони примероци, поради што турските медиуми го нарекоа принц на попот.

Таркан произведува музика и преку неговата компанија HITT Music, основана во 1997 година.

„Вашингтон пост“ еднаш напиша дека Таркан е во Турција како што е Елвис Присли во Америка.

Тој сè уште прави музика и изгледа подобро од било кога, со преку 6 милиони следбеници на социјалните мрежи.

Во 2016 година се ожени со Пинар Дилек, со која ја добија ќерката Лија.