Туркије: Фасцинантен портокалов лентикуларен облак во Бурса

0
206

Небото над турскиот град Бурса денеска изгледаше надреално со уникатен портокалов лентикуларен (леќест) облак, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лентикуларните облаци се редок природен феномен кој се формира на гребените на воздушните бранови или помеѓу два слоја воздух. Тие се формираат во близина на планини или ридови кога воздухот е стабилен и влажен.

Лентикуларните облаци се создаваат најчесто во зима, но може да се видат и во други периоди од годината.

Овие облаци се стационирани облаци во облик на леќа кои се формираат на многу големи височини, обично лоцирани вертикално од правецот на ветрот.

Овие несекојдневни облаци многумина ги потсетуваат на вселенски бродови, летечки чинии и други сцени од филмовите за вонземјани.

Додека традиционалните пилоти ги заобиколуваат, туристичките едрилици ги обожаваат, бидејќи овие формации на облаци можат да се подигнат на големи височини.

извор:Агенција Анадолија (АА).
фото:Агенција Анадолија (АА).