Мицкоски: За само дваесет дена буџетскиот дефицит изнесува околу 110 милиони евра

Буџетскиот дефицит за само 20 дена е околу 110.000.000 евра, коментира на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За само дваесет дена во 2023 година од 1ви до 20ти Јануари, буџетскиот дефицит е околу 110.000.000 евра. Нов долг за идните генерации. За да може неколкумина да крадат, цела држава е заложник. Ова не се европски вредности ова се криминални вредности. Доаѓа денот на одговорност за криминалците во политиката!, пишува во својата објава Мицкоски.

извор: ФБ Христијан Мицкоски