(ФОТО) Запросување на француските Алпи на температура од -20°C

„Првите искри меѓу нас се појавија токму на ски викенд, а и нашата врска започна во снежна сезона, па затоа и Горјан го одбрал овој момент, односно ме запроси на нашето зимување на француските Алпи, на највисоката точка во овој ски центар каде што сме“, споделува Елеонора (30) за CRNOBELO.com, којa е вљубеник во бордањето и зимата, исто како и нејзиниот партнер.

Горјан (35) ја запроси Елеонора (30) на француските Алпи на надморска височина од 3.456m.

Додека двајцата вљубеници во зимата се местат да се фотографираат како што прават секогаш за време на нивните зимски одмори, Горјан ја изненадува својата сакана со прстен.

„Ние двајца се имаме запознаено на планина на планинарење. И двајцата сме љубители на ваков тип на активности и уживаме често на планина, без разлика дали е тоа планинарење, зимски спортови, кампување…

Знаеме да си организираме интересни патувања и да истражуваме разни места, најчесто на Балканов.

Инаку првите искри меѓу нас се појавија токму на ски викенд, а и нашата врска започна во снежна сезона, па затоа и Горјан го одбрал овој момент, односното нашето зимување, како најидеален начин за да ме побара…

Запросувањето се случи на првиот ски ден од нашиот одмор на француските Алпи, во ски центарот Tignes – Val D’Isere (Тињ – Вал Дизер).

Горјан бил во овој ски центар претходно и ја избрал највисоката точка за запросувањето.
Тоа е на надморска височина од 3.456m на глечерот Grande Motte.

Температурата беше некаде околу -20 степени, поредок воздух, но мислам дека тоа го направи моментот уште повозбудлив и помагичен.
Неочекувано беше, ми кажа дека ја мести камерата за да се сликаме на врвот, како што сме правеле и претходно.

 

crnobelo.mk