Ковачевски на Фејсбук: Најостро го осудувам каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград

0
211

Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодветсвуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави.

Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија, напиша премиерот Димитар Ковачевски, на официјалниот Фејсбук профил.

извор: ФБ Димитар Ковачевски