Силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирика направи огромна штета и ги срамни со земја илјадници згради и објекти во двете земји, а под низ заглавени останаа уште повеќе граѓани. Единствената вест која стигнува во светот е поврзана со огромни човечки жртви и материјални штети, а нема позната личност од Босфорот која не учествува во хуманитарните мисии и напорите што побрзо да се врати животот во нормала, пренесува Hello.
Меѓу ваквите информациите кои ја загрижија јавноста, е и онаа за актерката Џансу Дере кај нас најпозната по главната улога во серијата Езел. Имено, некои медиуми велат дека убавата актерка настрадала под урнатините бидејќи со денови нема ни трага ни глас од неа. Во потрагата се вклучија и локалните власти, додека на социјалните мрежи кружат различни непроверени вести.
Многумина се вознемирени од фактот што членовите на нејзиното семејство се уште не се огласиле. Од друга страна, нема потврда дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм беше од 5 јануари.
skopje24.mk