Отсуството на вештакот Зеќирија Зеќири на судењето за трагедијата во Ласкарци, третпат по ред, изгледа е намерно и е на штета на правдата во овој случај. Овие сомнежи стануваат уште посериозни кога обвинителот на случајот и другите сведоци велат дека Зеќири оди на работа и се шета низ градот, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците (АА) за денешното судење за овој случај.
Од АА додаваат дека ваквите постапки на експертот и одложувањата на седницата ѝ се познати на јавноста и дека веќе е познат и епилогот.
На овој начин, седниците се одолговлекуваат и предметот застарува. Ги повикуваме одговорните органи итно да постапат, да не дозволат вакви злоупотреби и да преземат санкционирачки и казнени мерки против експертот Зеќири, додаваат од Алијанса за Албанците.
Вештакот Зеќирија Зеќири, еден од четворицата автори на супервештачењето за автобуската несреќа кај Ласкарци пред четири години, и вчера не дојде во Основниот кривичен суд Скопје да сведочи за вештиот наод под кој го ставил својот потпис.
извор: АА